29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ги обновува преговорите со Киев за нов кредит

ММФ ги обновува преговорите со Киев за нов кредит

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во четврток ќе ги продолжи преговорите за новата кредитна програма за Украина, соопшти меѓународната финансиска институција.

Украина и ММФ се во преговори за новата програма која би требало да замени 3,9 милијарди долари вреден аранжман во мирување кој истекува во јануари, објави Reuters.

Украина мора да ги исполни барањата на Фондот кога станува збор за прашања како што е независност на централната банка и иднината на PrivatBank, најголемиот заемодавател на земјата, кој во 2016 година беше национализиран, не по желба на сопственикот на банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП