8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе откажаа од барање работа: Најголем пад на вработеноста за четири години

Се откажаа од барање работа: Најголем пад на вработеноста за четири години

Бројот на вработени во Обединетото Кралство падна во третиот квартал заклучно со септември, што укажува на слабеење на британскиот пазар на труд.

Според весникот Guardian, вкупната вработеност во тој период паднa за 58.000 лица, според најновите податоци на британското биро за статистика (ONS).

Тоа е најголем пад на вработеноста во последните четири години, што предизвика вкупната вработеност да се намали на 32,75 милиони луѓе, пренесува Reuters.

Во исто време, падна и вкупната невработеност за 23.000 лица на 1,30 милиони во кварталот јули-септември, што придонесе за намалување на стапката на невработеност на 3,8 проценти.

Тоа, според Guardian, укажува дека поголемиот број на луѓе се откажале од пазарот на трудот и престанале да бараат работа. Растот на платите се забави со оглед на тоа дека просечната заработка во набљудуваниот квартал се зголеми за 3,6 проценти на годишно ниво во однос на растот од 3,7 проценти во трите месеци заклучно со август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП