2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo ги објави резултатите за јуни и првите шест месеци

Volvo ги објави резултатите за јуни и првите шест месеци

36_1.34

Компанијата „Volvo Car Group“ објави продажба на 40.939 возила во месец јуни. Продажбата во Кина е зголемена за дури 74 проценти или 5798 автомобили што е нов продажен рекорд, додека во првите шест месец продажбата во Кина е зголемена на 34.3 проценти.

Моделот „Volvo XC60“ забележа најдобра месечна продажба досега со 10.961 возила. За првата половина од 2013-та година компанијата продаде 209.118 единици што е за 5.5 проценти помалку од претходната година.

САД стана пазар број еден за „Volvo“ откако во јуни беа продадени 6678 автомобили, додека моделите „Volvo S60“ и „XC60“ се најдобро продаваните возила.

Во првата половина од годината продажбата на возилата на „Volvo“ во САД забележа пад за 5.9 проценти, а пак во Шведска тие остварија за 6.3 проценти поголема продажба во минатиот месец или вкупно 4607 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП