2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилата на американскиот долар останува непроменета

Силата на американскиот долар останува непроменета

Девизниот курс EUR/USD останува стабилен на ниво нешто над 1,10 долари за едно евро.

Голем број учесници на пазарот очекуваа дека доларот ќе ослабне како резултат на закрепнувањето на пазарниот сентимент како последица на елиминирање на ризиците поврзани со Брегзит без договор и трговскиот конфликт меѓу САД и Кина.

Доларот во изминатата година профитираше од посилната побарувачка на инвеститорите за безбедни средства и многу посилната американска економија од остатокот на светот. Првите знаци на стабилизација на економските показатели во еврозоната сугерираат дека побарувачката за доларот би требало да ослабне.

Сепак, минатонеделното движење на курсот EUR/USD покажа дека е премногу рано за донесување на такви заклучоци. Доларот досега не покажа знаци на слабеење и покрај силната распродажба на другите традиционални безбедни засолништа каде цената на златото ја забележа најсилната неделна корекција за речиси две години.

Причината за ова лежи во фактот што трговскиот договор помеѓу САД и Кина ја намали веројатноста за натамошни негативни ефекти врз економијата по таа основа.

Едноставно кажано, каматните стапки во САД ќе останат на повисоко ниво во однос на остатокот од светот, што е во прилог на побарувачката за доларот, кој од перспектива на водечкa светскa валутa и понатаму нуди најголем принос за инвеститорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП