20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвој пијалок предизвикува брчки

Овој пијалок предизвикува брчки

Сигурно сте ја чуле изреката „ти си она што јадеш“, но излегува и дека сте „тоа што го пиеш“.

Како што старееме, нашата кожа се менува и постојат одредени пијалоци кои, кога редовно се консумираат, прават повеќе штета отколку што мислиме, особено по триесеттите и четириесеттите години.

Ако ви се појават ситни брчки за тоа може да биде виновна редовната консумација на алкохол. Како што е случајот со повеќето намирници и пијалоци, алкохолот е дозволен во нормални граници, но за жал тоа честопати се поврзува со предвремени знаци на стареење.

Преголем внес на шекер и недостаток на хранливи материи предизвикани од прекумерна консумација на алкохол, влијаат на благосостојбата и изгледот на кожата. Иако повремено консумирањето алкохол е во ред, прекумерното консумирање може да ја намали способноста на вашето тело да ги обновува клетките. Бидејќи алкохолот е диуретик, тој предизвикува прекумерна сувост и дехидрација на кожата. Кога кожата се суши, брчките и порите се видливи, а здравиот сјај на кожата исчезнува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП