20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрегзит ги "потопи" инвестициите: Најспор годишен раст на економијата од 2010 година

Брегзит ги “потопи” инвестициите: Најспор годишен раст на економијата од 2010 година

Британската економија за три месеци заклучно со септември 2019 година порасна со најниската годишна стапка за повеќе од една деценија.

„Вината“ за лошиот резултат се смета глобалното успорување и загриженоста околу Брегзит кои ги погоди деловните инвестиции и производството.

Растот на бруто домашниот производ на Велика Британија на годишно ниво се намали на 1,0 проценти од 1,3 проценти во вториот квартал, соопшти британската Националната канцеларија за статистика (ONS), пренесува Reuters.

Тоа е најниска стапка на раст од првото тримесечје на 2010 година и е под проекцијата на економистите кои ги анкетираше Reuters од 1,1 процент.

Забавувањето е одраз на послабото очекувано закрепнување на кварталниот раст на БДП што уследи по економскиот пад во вториот квартал, кога бизнисите се соочија со прекумерни залихи на стоки бидејќи Брегзит беше одложен до крајот на март 2020 година.

На квартална основа, БДП се зголеми со стапка од 0,3 проценти во третиот квартал, што е под очекувањата на Централната банка на Англија од 0,4 проценти и проекциите на економистите од приватниот сектор.

Британската економија изгуби импулс од референдумот за Брегзит во 2016 година, пред кој обично растеше со стапка поголема од два проценти годишно.

Најновите податоци, исто така покажаа дека деловните инвестиции стагнираат во третиот квартал, додека економистите очекуваат пад од 0,5 проценти. Потрошувачката на домаќинствата се зголеми за 0,4 проценти во третиот квартал, додека државната потрошувачка се зголеми за 0,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП