10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: Помал пад на извозот и увозот од очекуваниот

Кина: Помал пад на извозот и увозот од очекуваниот

Извозот и увозот на Кина во октомври падна, но помалку од очекуваното, покажаа објавените податоци на кинеските царински служби.

Извозот минатиот месец деноминиран во долари, падна за 0,9 проценти, додека увозот опадна за 6,4 проценти во однос на октомври минатата година, пренесува CNBC.

Економистите кои ги анкетираше Reuters предвидоа дека извозот ќе падне за 3,9 проценти, а увозот за 8,9 проценти на годишно ниво.

Трговскиот суфицит во октомври изнесуваше 42,81 милијарди долари, во споредба со предвидувањата на аналитичарите од 40,83 милијарди долари.

Во септември, кинескиот извоз падна за 3,2 проценти на годишно ниво, а увозот за 8,5 проценти. Кинеската економија, втора по големина во светот расте со побавно темпо, како резултат на долготрајниот трговски спор помеѓу Пекинг и Вашингтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП