14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот за финансии тврди: Германија не е во рецесија, не и требаат...

Министерот за финансии тврди: Германија не е во рецесија, не и требаат стимуланси

Германија не е блиску до вистинска рецесија, но минува низ период на побавен раст, изјави денеска германскиот министер за финансии Олаф Шолц.

Тој во интервју за Euronews изјави дека решавањето на глобалните трговски тензии би ја потикнала економијата.

Запрашан за повиците на некои економисти и политичари за Германија да потроши повеќе средства за заживување на бавната економијата, Шолц изјави дека нема причина за дополнително трошење на стимул, пренесува Reuters.

„Присутно е рекордно вработување и постојат многу гранки на економијата кои бараат квалификувана работна сила. Имаме многу експанзивна финансиска политика и рекордни јавни инвестиции“, порача Шолц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП