19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина отвора приватни банки?

Кина отвора приватни банки?

kinabanki1

Кинеските власти ветија промени во својот државен банкарски сектор, најавувајќи можност за отворање на приватни банки.

Со тоа би им се пружила поддршка на претприемачите на кои очајнички им се потребни кредити и би ги спречиле растечките финансиски ризици.

Аналитичарите, меѓу кои е и Светската банка, тврдат дека реорганизација на кинескиот банкарски систем, кој недоволно му позајмува на приватниот сектор, му е хитно потребна за да се одржи силниот економски раст на втората најголема економија на светот, пренесува агенцијата АП.

Комунистичките лидери, кои минатата година дојдоа на власт, ветија дека ќе ги поддржат претприемачите кои допринесуваат за отворање на нови работни места во Кина, но најпрво мораат да направат некои значајни измени.

Во заедничко соопштение, централната банка на Кина и банкарските регулатори го потврдија претходното ветување дека каматните стапки и другите аспекти на банкарството повеќе ќе ги насочат кон пазарот – што според зборовите на аналитичарите е неопходно за канализирање на повеќе кредити до производните активности.

Тие, исто така, ветија дека ќе го зголемат кредитирањето на малите и средни претпријатија.

„Ќе преземеме чекори за да му овозможиме на приватниот капитал да започне да формира финансиски институции, вклучувајќи ги и банките“, наведено е во соопштението.

Меѓутоа, такви промени ќе предизвикаат проблеми во политичката сфера, бидејќи кинескиот финансиски систем е најмоќното оружје на владеачката Комунистичка партија во контролирањето на економијата и пружањето поддршка на државната индустрија.

„Не мислиме дека тоа ќе создаде значајни предизвици во банкарскиот сектор, туку сметаме дека тоа може да биде чекор во вистинска насока“, изјави економистот на банката „Номура“, Џивеј Џанг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП