Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,950.00 -0.46%    GRNT 975.00 0%    KMB 5,849.74 -0.11%    STB 1,057.78 0.62%    TNB 16,700.00 2.45%    

МОН и СОНК постигнаа договор за повисоки плати на наставници од 1 јануари 2020

Време: 14:14

Датум: ноември 8, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Вработените во основното, средното и високото образование ќе го добијат новото покачување на платите од 10 проценти од 1 јануари 2020 година, договорено е на денешната средба во Министерството за образование и наука помеѓу ресорниот министер Арбер Адеми и претставниците од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) предводени од нивниот претседател Јаким Неделков.

По едно и полчасовната средба министерот Адеми изјави дека се работи за историски момент затоа што ова е трето покачување по оние што наставниците ги добија минатиот и овој септември од по пет проценти, нагласувајќи дека се работи кумулативно за зголемување од 21,3 проценти во еден мандат. За поместувањето на исплатата за три месеци, во јануари наместо во април како што беше претходно предложено, во Буџетот ќе бидат одвоени дополнителни 1,4 милијарда денари.

Адеми рече дека наставниците заслужуваат повисоки плати и дека секогаш МОН ќе биде на нивна страна, но дека засега се тие можностите.

– Се враќа дигнитетот на наставничката професија. Горди сме што интензивно преговаравме со СОНК за наставниците да имаат достоинствени плати, истакна Адеми по средбата со претставниците на СОНК.

Тој потсети и на зголемувањето на платите на вработените во седум научни институти за 25 проценти за што Владата донесе одлука пред две недели.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков е задоволен од исходот на неколкуте досегашни средби коишто, рече, биле тешки и најважно е што со постигнатиот договор нема да се активира штрајкот што беше најавен за 11 ноември.

Тој истакна дека со постигнатиот договор не е затворено прашањето, туку тоа е почеток за отворање на нови прашања за други проблеми на вработените и членовите на Синдикатот, како што е регресот за годишен одмор, трошоците за превоз до работното место, реалното вреднување на наставници во комбинирани паралелки, за дополнителни часови во наставата итн.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Сончево и потопло со мала до умерена облачност

    Сончево и потопло со мала до умерена облачност

    Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од јужен правец.…

  • Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

    Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

    Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд поради празникот Задушница на 5…

  • Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

    Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

    Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за здравство. Најмногу од новозаразените се…

  • Европската агенција објави список на аеродроми ризични за ширење на COVID-19

    Европската агенција објави список на аеродроми ризични за ширење на COVID-19

    Европската агенција за безбедност во воздухопловството (EASA) направи список на аеродроми кои се наоѓаат во области со висок ризик од пренесување на инфекцијата COVID-19, се наведува…

  • Нафтата прв пат по три месеци поскапа од 40 долари

    Нафтата прв пат по три месеци поскапа од 40 долари

    Цените на нафтата денес надминаа 40 долари на меѓународните пазари, и тоа прв пат од март, охрабрени од пониските американски залихи, очекувањата за континуирано намалување…

  • Германија од 15 јуни ја укинува забраната за патувања за некои европски земји

    Германија од 15 јуни ја укинува забраната за патувања за некои европски земји

    Германската влада планира да ја укине забраната за патување за некои европски земји од 15 јуни. Владата на Германија ќе го стори тоа доколку во…

  • Нови правила на грчките плажи – помалку забави

    Нови правила на грчките плажи – помалку забави

    Грчкото министерство за внатрешни работи, заштита на граѓаните, труд и развој издаде упатства за организирање забави на плажи, за да не се загрозува здравјето на…

  • Шведскиот епидемиолог признава: Денес би одлучил поинаку

    Шведскиот епидемиолог признава: Денес би одлучил поинаку

    Главниот шведски епидемиолог кој стои зад стратегијата на земјата да не се затвори поради пандемијата од коронавирус призна дека требало да се воведат повеќе ограничувања…

  • Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

    Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

    Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за повеќе од 60 милиони жители…

  • Нов рекорден број на починати од Ковид-19 во Бразил

    Нов рекорден број на починати од Ковид-19 во Бразил

    Во Бразил е регистриран нов рекорден број на смртни случаи во еден ден, соопшти бразилското Министерство за здравство, а пренесе агенцијата „Ројтерс“. Како што пренесуваат…