19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција ја повикува Русија да учествува во обновата на Нотр Дам

Франција ја повикува Русија да учествува во обновата на Нотр Дам

Франција потврди дека има намера да испрати официјална покана до Русија да учествува во реконструкцијата на катедралата Нотр Дам во Париз, која во април настрада во голем пожар, соопшти специјалниот претставник на претседателот на Русија, за меѓународна културна соработка, Михаил Свидкој.

Како што истакна, преговорите траеле во текот на целата година, при што самата Москва понудила помош.

Според неговите зборови, одлуката на Париз зборува за признавањето на вредноста на руската наука.

Нотр Дам, познатата париска катедрала од средниот век, ремек дело и симбол на христијанската цивилизација, настрада на 15 април во голем пожар. Самата зграда и поголемите уметнички дела, како и моштите кои се чуваат во катедралата, го преживеаа пожарот.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека има намера да ја обнови Нотр Дам во рок од пет години. Луѓето ширум светот, владите и милијардерите донираа огромни суми пари за обнова на катедралата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП