Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,086.53 0.47%    BESK 7,300.00 -3.69%    GRNT 1,011.41 0.06%    INPR 1,500.00 0%    KMB 6,084.72 1.58%    MKSD 175.00 -9.79%    MPT 73,736.02 0.57%    MTUR 5,449.88 1.36%    OKTA 4,600.00 2%    RMDEN15 98.60 0%    RMDEN18 98.80 0.1%    SBT 2,599.53 4.47%    STB 1,160.72 0.06%    STIL 95.00 4.4%    TEL 307.50 -0.16%    TETE 2,419.07 2.94%    TNB 16,600.18 1.22%    TTK 1,500.00 -0.2%    UNI 2,300.00 0%    VITA 11,971.00 6.88%    

Шаховскиот Клуб АЛКАЛОИД повторно на Европскиот Клупски Куп 2019

Време: 11:53

Датум: ноември 8, 2019

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шаховскиот Клуб АЛКАЛОИД, продолжува со настапите на Европскиот Клупски Куп, што оваа година се одржува од 10 до 16 Ноември во Улцињ, Црна Гора.

Во 2016 година, ШК Алкалоид го освои Европскиот Клупски Куп и ја понесе титулата Европски Шампион со 12 бодови во седум мечеви (пет победи и два нерешени меча, без пораз). Европското клупско злато е освоено во годината кога клубот одбележа 40 години од своето формирање.

Во 2017 година ШК Алкалоид продолжи со успешен настап на Европскиот Клупски Куп и во Анталија, Турција 07-15.10.2017 година, го освои второто место, со освоени 11 бода (пет победи, еден нерешен меч и еден пораз).

Со идентичен скор во 2018 година (11 меч бодови), екипата се најде на делба од трето до шесто место, а по дополнителен критериум шесто место во конечниот пласман.

Во 2019 година клубот се подготвува за настап со осетно изменет состав, без 4 играчи од претходна година.

Но, оваа година во составот на екипата е еден од најсилните светски шахисти, велемајсторот од Азербејџан, Шакхријар Мамадијаров, кој настапуваше за Алкалоид во 2007, 2008 и 2009 година.

Боите на Алкалоид продолжуваат да ги бранат и стандардните членови велемајсторите Дмитри Андрејкин (Русија), кој ја предводеше репрезентацијата на Русија до злато на тукушто завршеното Европско Екипно Првенство, како и Јури Криворучко (Украина).

Прв пат за Алкалоид ќе настапи шампионот на САД за 2018 година, велемајсторот Сем Шенкленд, стандарден репрезентативец на својата држава и носител на златен олимписки медал од 2018 година.

Втор повратник во екипата е велемајсторот од Русија, Ернесто Инаркиев, Европски Првак од 2016 година.

Составот на екипата е комплетиран со двајцата најдобри македонски играчи: Трајко Недев и Филип Панчевски. Капитен на екипата е Драгољуб Јаќимовиќ. Со освежен состав, но воедно играчи кои биле дел од овој одличен спортски колектив, Алкалоид ќе продолжи повторно да се бори за Европскиот врв. Редоследот на играчите со конкретен распоред по табли официјално се објавува на самиот почеток на натпреварите.

На Европскиот Клупски Куп оваа година се пријавени досега најголем број учесници и тоа 67 екипи во машка и 14 во женска конкуренција, Вообичаено, конкуренцијата е многу силна: Mednyi Vsadnik St. Petersburg (минатогодишните шампиони), AVE Novy Bor – Чешка (второпласирани 2018 година), Obietivo Risarcimento Padova, стандардно при врвот.

Директни конкуренти за медал или т.н. „црвена група” се 4 тимови, но сигурно во борбата ќе се вмешаат првите 10 најдобро рангирани. Се очекува рамноправна и до крај неизвесна борба, со оглед дека турнирот е релативно краток, само 7 кола.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Марко Симоновски си замина од МЗТ Скопје

    Марко Симоновски си замина од МЗТ Скопје

    Крилниот кошаркар Марко Симоновски, од денеска веќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако двете страни се согласија на раскин на договорот. Репрезентативецот Симоновски…

  • Лагард повикува на иновации и инвестиции во Европа

    Лагард повикува на иновации и инвестиции во Европа

    Новата претседателка на Европската централна банка (ECB), Кристин Лагард, денес повика на иновации и инвестиции во Европа, како одговор на економските и климатските предизвици. Доколку европските…

  • Целосна ждрепка за баражот во ЕП 2020

    Целосна ждрепка за баражот во ЕП 2020

    Откако стана јасно каков е евентуалниот пат на С.Македонија до завршницата на ЕП 2020, сега позната е и целосната ждрепка за баражот меѓу 16-те екипи…

  • Зборовите со кои Никола Тесла во 1926 година го предвиде интернетот и паметните телефони

    Зборовите со кои Никола Тесла во 1926 година го предвиде интернетот и паметните телефони

    Никола Тесла беше научник и визионер далеку пред своето време. Во прилог на овој факт говори и неговото интервју од 1935 година за списанието Liberty…

  • Град Скопје ги потсетува уметниците да се пријават за патувачката Европска изложба

    Град Скопје ги потсетува уметниците да се пријават за патувачката Европска изложба

    Град Скопје ги потсетува заинтересираните уметници од областа на визуелните уметности и уметноста на новите медиуми од Скопје дека остануваат уште дваесетина денови за да…

  • Xiaomi гради сопствена фабрика за 5G паметни телефони

    Xiaomi гради сопствена фабрика за 5G паметни телефони

    Компанијата Xiaomi е присутна на годинешната World 5G конференција, а нивниот извршен директор, Леи Јун, веќе одржа еден од неколкуте закажани воведи. Во споменатиот прв вовед,…

  • Полицијата трага по мистериозен добротвор кој на минувачите им остава коверти со пари

    Полицијата трага по мистериозен добротвор кој на минувачите им остава коверти со пари

    Британската полиција го бара мистериозниот добротвор кој остава коверти полни со пари во една градска улица во округот Блек Колиер на северот на земјата. Локалните…

  • ФИТР: Политичарите да најдат реален проблем со кој ќе се занимаваат

    ФИТР: Политичарите да најдат реален проблем со кој ќе се занимаваат

    Ова не е реален проблем, туку измислен. Веќе реагиравме и повторно ќе реагираме на обвинувањата дека Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) дели пари…

  • Воведување данок на возила и јаглеродна такса дел од мерките за справување со климатските промени

    Воведување данок на возила и јаглеродна такса дел од мерките за справување со климатските промени

    Воведување данок на возила и зголемување на надоместоците кои се плаќаат при увоз на стари возила, се дел од мерките кои се предвидуваат за намалување…

  • Погба до малиот Јане: Горд сум на тебе (ФОТО)

    Погба до малиот Јане: Горд сум на тебе (ФОТО)

    Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба го поздрави нашиот Јане Велковски по неговото обраќање на Самитот за ОН во Њујорк. Тој на социјалните мрежи стави…