27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобрите вести од Кина ги зголемија цените на нафтата

Добрите вести од Кина ги зголемија цените на нафтата

Цената на нафтата “брент” денес надмина 62 долари за барел, откако Кина соопшти дека е постигнат напредок во постигнување на трговски договор со САД.

Тоа придонесе за подобрување на очекувањата во врска со ставањето крај на долготрајниот спор, кој негативно се одрази на растот на глобалната економија и побарувачката за нафта, проценува Reuters.

Цената на брент денес порасна за 57 центи на 62,31 долари, а американското лесна нафта(WTI) за 48 центи на 56,83 долари за барел.

Кинеското министерство за трговија, претходно денес објави дека Кина и Соединетите држави во изминатите две недели се договорија постепено и во неколку фази да ги укинат постојните трговски тарифи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП