2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаго забрза темпото на вработување во САД

Благо забрза темпото на вработување во САД

amerika2

Американските работодавци во јуни отвориле нето 195.000 нови работни места, извести вчера владата во Вашингтон, чии податоци одржуваат благо забрзување на вработувањето во најголемата светска економија.

Темпото на вработување е блиску до просекот во изминатите 12 месеци кој изнесува 182.000 работни места месечно.Стапката на невработеност минатиот месец остана непроменета во однос на месец мај и изнесува 7,6 проценти.

Министерството за труд, исто така, ги ревидираше податоците за април и мај, кои вкупно покажуваат 70.000 работни места повеќе отколку што се проценуваше.

Во јуни, во приватниот сектор, вкупно се отворени 202.000 нови работни места, додека пак во јавниот сектор се затворени нето 7.000 работни места.

Најмногу се вработувало во угостителскиот и туристичкиот сектор и во секторот за деловни и професионални услуги, малопродажбата и здравствената заштита.

Во јуни без работа биле 11,8 милиони Американци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП