2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар покрена истрага поради кризата

Кипар покрена истрага поради кризата

kipar4

Кипарските власти соопштија дека ќе покренат кривична истрага во врска со започнувањето на економската криза, која го натера Кипар да побара пакет со финансиска помош.

Ваква акција следеше откако истражниот комитет, кој е именуван пред три месеци со цел да ги пронајде причините кои се одговорни за започнувањето на кризата, одлучи дека не може да го истражува прашањето кое би требало да биде решено по судски пат, пренесува Франс Прес.

Кипарската влада, поради таа причина, се собра вчера и договори паралелно продолжување на јавната и кривичната истрага.

Државниот обвинител, Петрос Клеридес, изјави дека кривичната постапка ќе се фокусира на периодот од 2006 година до 2013 година и на прекршоците на поединци кои се потенцијално одговорни за економската криза.

Во рамките на оваа постапка ќе се истражува трансферот на средствата од кипарските банки „Лаики“ во Грција, отписот на заемите, неетичката продажба на банкарски обврзници, купувањето на ризичните грчки должнички хартии од страна на „Лаики“ и Централната банка на Кипар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП