16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈП Водовод и Канализација: Водата е квалитетна за пиење

ЈП Водовод и Канализација: Водата е квалитетна за пиење

ЈП Водовод и Канализација – Скопје во координација со Центарот за санитарна контрола, акредитиран за вршење на својата работа според ИСО17025:2018, а со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Центарот за санитарна контрола на ЈП Водовод и Канализација – Скопје, во периодот од 28.10.2019 до 01.11.2019 зема 183 примероци за физичко-хемиска и 183 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП