6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКрај на трговската војна? Светот може да дише, Кина и Америка постигнаa...

Крај на трговската војна? Светот може да дише, Кина и Америка постигнаa договор!

Кина и САД се согласија пропорционално да ги повлекуваат тарифите на стоките едни на други во фази, изјави кинескиот портпаролот на Министерството за трговија.

Висината на царинското олеснување кое ќе дојде во првата фаза, а кое би требало да биде потпишано во наредните недели, ќе зависи од содржината на тој договор, изјави денеска портпаролот Гао Фенг, без да даде дополнителни детали.

„Двете страни имаа „конструктивни разговори“ во текот на изминатите две недели“, изјави Фенг.

Ако Америка се согласи, новиот договор би можел да обезбеди пат за дескалација на трговската војна која фрли сенка врз светската економија.

Клучниот услов на Кина од почетокот на преговорите беше укинувањето на казнените тарифи кои ги воведе претседателот Доналд Трамп, а кои досега се применуваат на најголем дел од кинескиот извоз во САД.

Двете страни продолжуваат со преговорите, каде и кога „првата фаза“ од новиот договор би требало да се потпише.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП