29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕве зошто глутенот можеби не е лош во нашата исхрана

Еве зошто глутенот можеби не е лош во нашата исхрана

Новите истражувања покажуваат дека диета без глутен не е добра за цревата.

Диета која го отфрла глутенот – протеин кој се наоѓа во намирници како што се леб, тестенини и житарки – во последните години одеднаш стана популарна.

Но, сега истражувачите од универзитетот Шефилд и Ридинг велат дека избегнувањето на овие производи може да биде бесмислено. Имено, им дале на здрави волонтери, на кои не им била дијагностицирана чувствителност на глутен, да додаваат органска или мешавина без глутен во храната два пати на ден во текот на две недели.

Студијата, објавена во списанието Gastroenterology, откри дека групата која јадела глутен немала повеќе проблеми со стомакот за разлика од групата без глутен.

Д-р Паола Тоси, од Универзитетот Ридинг, вели: „Се чини на глутенот честопати не е оправдано дадена улогата на негативец во нашата исхрана“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП