2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбрзорастечката економија во светот: Откриени 16 нафтени полиња во мала држава во...

Најбрзорастечката економија во светот: Откриени 16 нафтени полиња во мала држава во Јужна Америка

Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, земја со најбрз очекуван економски раст е Гвајана, мала земја во Јужна Америка.

Гвајана се наоѓа во соседство на Бразил и Венецуела, во североисточна Јужна Америка, со само 780.000 жители. Како што очекува ММФ, економскиот раст на Гвајана ќе достигне 86 проценти, иако во 2019 година растот изнесуваше само 4,4 проценти, што е 14 проценти повеќе од растот на Кина.

За неочекуваниот приход Гвајана може да се заблагодари на нафтата пронајдена на територијата во земјата во 2015 година. Според проценките на ММФ, годишниот БДП на Гвајана, кој изнесува околу четири милијарди долари, до 2024 година може да достигне 15 милијарди долари.

Откога за прв пат на нејзината територија е пронајдена нафтата, откриени се 16 нафтени полиња.

Големите компании продолжуваат да бараат нафта, па не е исклучено прогнозираниот раст на економијата да се забрза, објави Bloomberg.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП