21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо ЕУ се крадат 700.000 автомобили годишно

Во ЕУ се крадат 700.000 автомобили годишно

Бројот на пријавени кражби на автомобили во Европската унија во 2017 година паднал за речиси третина во однос на една деценија претходно, соопшти Eurostat.

Од 2015 до 2017 година, на територија на ЕУ во просек годишно се украдени 700.000 возила, а намалување на бројот на кражби е забележано во повеќето земји членки, според Заводот за статистика на европските заедници.

Убедливо најмногу автомобили по глава на жител се крадат во Луксембург (328 кражби пријавени во полиција на 100.000 жители), по што следи Грција со украдени 269 автомобили, Италија со 257 и Шведска со 256.

Во ЕУ, најмалку автомобили по глава на жител се украдени во Данска (само четири на 100.000 жители), а по неа следи Романија со 15 и Хрватска со 20 „исчезнати“ автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП