3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА13 работи кои ги прават луѓето да изгледаат поинтелигентно

13 работи кои ги прават луѓето да изгледаат поинтелигентно

paris-hilton-reading

Зошто лажеме за нашите вкусови?

Студијата на „Ask Jeeves“ која беше спроведена со група Британци, открива некои прилично универзални карактеристики. На овој начин беше откриено дека мажите ги користат два пати повеќе овие техники, отколку жените, едноставно затоа што ја сметаат интелегенцијата како предност при заведувањето, што впрочем е целосно потврдено).

Покрај тоа, овие трикови обично се многу вообичаени меѓу луѓето кои се на високи позиции, кои сакаат да ја прицврстат  дадената власт со личен авторитет. Покрај тоа, зголеменото влијание на социјалните мрежи доведе до широка употреба на овие практики. Изградба на виртуелен идентитет често ги тера луѓето да се прикажани во таква светлина, во каква тие самите би сакале да се видат.

Кои се топ 13 работите кои луѓето ги прават, за да изгледаат интелигентни:

1. Повторуваат шега од некој друг, како тие во моментот да ја измислиле.

2. Раскажуваат за посети во уметничката галерија, иако тоа било уште додека биле на училиште, а не во скоро време.

3. Слушаат класична музика пред мала публика.

4. Читање сериозна книга на плажа.

5. Коментираат актуелните вести во социјалните мрежи, најчесто на база на туѓите размислувања.

6. Зборуваат за политика.

7. Читаат „сериозни“ списанија во градскиот транспорт.

8. Споделуваат интелигентни написи на „Facebook“.

9. Цитираат познати автори од кои не прочитале ни ред, освен посочениот цитат.

10. Тврдат дека имаат солидно познавање за „добро вино“.

11. Носат лажни очила кои изгледаат дека имаат диоптер.

12. Спомнуваат опера која не ја ни слушнале.

13. Тврдат дека сакаат џез / класична музика, поради тоа што им звучи доволно интелигентно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП