27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏонсон побара од Трамп да ги укине даноците за виски

Џонсон побара од Трамп да ги укине даноците за виски

Британскиот премиер Борис Џонсон го повика Доналд Трамп да ги укине новите царини за стоки, вклучително и на шкотското виски, изјави портпаролот на британската влада.

Џонсон во телефонски разговор со Трамп, го повикал да не наметнува царини и за автомобилите, објави Reuters.

„Двајцата лидери повторно ја потврдија својата заложба за зајакнување на посебниот однос со силен билатерален договор за слободна трговија, откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ. Претседателот, исто така ја истакна потребата на NATO сојузниците силно да ја финансираат својата одбрана“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Минатиот месец САД воведоа нови царини од 25 проценти на шкотското виски и другите европски производи, а администрацијата на Трамп најави воведување и дополнителни такси од 25 проценти за автомобили и делови за автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП