недела, јануари 24, 2021
6 °c
Skopje
4 ° нед
1 ° пон
-2 ° вто
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,712.70 -0.34%    BESK 6,100.00 0.81%    GRNT 1,147.49 -1.02%    KMB 7,670.00 -0.32%    KPSS 350.00 -21.35%    MPT 74,000.00 0.63%    STB 1,173.28 0.51%    TEL 319.00 -0.02%    TNB 18,800.00 0.03%    TTK 1,400.00 -1.41%    
Почетна ИНТЕРВЈУ

Ивона Милошеска, „Хилтон“: Многу успешно се справуваме со предизвиците во работењето неполна година по отворањето

ноември 6, 2019
во категорија ИНТЕРВЈУ, НАЈНОВИ ВЕСТИ, ТОП ВЕСТИ
A A
Ивона Милошеска, „Хилтон“: Многу успешно се справуваме со предизвиците во работењето неполна година по отворањето
21
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Топлото гостопримство и подготвеноста да се исполни секоја желба и барање на гостите за време на нивниот престојот во хотелот DoubleTree by Hilton Skopje е главната одлика на овој познат хотелски бренд поради кој за неполна година од почетокот на работењето одлично се позиционираше на хотелскиот пазар во Македонија, но и во поширокиот регион.

Хотелот DoubleTree by Hilton Skopje привлекува многу гости од целиот свет, а изминатава година беше домаќин и на многубројни значајни настани од областа на политиката, економијата, забавата и сл., на кои учествуваа домашни и светски државници, политичари, познати бизнисмени, јавни личности. Успешното работење на еден од најпознатите светски хотелски брендови во Скопје и вложениот труд на менаџерскиот тим не останаа незабележани од релевантните институции кои ги вреднуваат постигнатите резултати. Така, по повод Светскиот ден на туризмот, неодамна Министерството за економија на хотелот DoubleTree by Hilton Skopje му додели две значајни признанија, „Најуспешен хотел во категоријата нова туристичка понуда во делот на хотелиерството“ и „Најуспешен хотел во категоријата квалитетна угостителска услуга“.

Покрај комплетниот менаџерски тим на хотелот поддржан од сите вработени, голем придонес за одличните резултати што ги покажува во досегашното работење DoubleTree by Hilton Skopje има тимот за продажба предводен од директорката за продажба Ивона Милошеска. Нејзиното десетгодишно искуство во хотелскиот бизнис е непроценливо за унапредувањето на продажбата и создавањето цврсти врски меѓу гостите и брендот „Хилтон“. Неодамна во DoubleTree by Hilton Skopje се одбележуваа Деновите на продажба (Global Week of Sales), глобален настан кој истовремено се одржува во сите хотели под брендот „Хилтон“ наменет првенствено за унапредување на продажбата, но и собирање нови искуства преку кои хотелот ќе понуди уште попривлечни содржини и услуги. Оваа година темата на глобалниот настан беше „100 години гостопримство“, а DoubleTree by Hilton Skopje за време на Деновите на продажба за гостите подготви различни изненадувања во рестораните и ексклузивниот спа и фитнес центар.

– Изненадувањата за нашите гости не завршија со Деновите на продажба, туку продолжуваат и во нареднот период. Нашата цел е на сите гости да им понудиме уникатно искуство за време на нивниот престој во DoubleTree by Hilton Skopje во секој сегмент, почнувајќи од престојот, рестораните, фитнес и спа центрите и сл. Продажбата е многу значаен сегмен во секој бизнис, но кај нас таа се темели на посебен однос кој го градиме со сите наши гости. Тоа се всушност највисоките стандарди на светскиот бренд „Хилтон“ кои стануваат дел од самите вработени и се отсликуваат во нивните секојдневни активности – вели Милошеска.

Таа објаснува дека во изминатата година, во DoubleTree by Hilton Skopje се одржаа многу значајни домашни, регионални и светски настани, меѓу кои само дел се Самитот за Западен Балкан во организација на „Економист“, конференцијата на Светска царинска организација, Меѓународната конференција на Подгоричкиот клуб, работниот појадок на економскиот тим на Владата со чешкиот премиер Андреј Бабиш, но и многу други корпоративни и приватни настани. Во хотелот престојуваа познати музички, спортски и актерски имиња.

– За да ги привлечеме сите тие гости да го организираат својот настан или престој во DoubleTree by Hilton Skopje, несомнено мораше да им понудиме највисок квалитет и уникатно доживување. Ние секојдневно се трудиме да ги исполниме сите барања на нашите гости, без оглед што тоа понекогаш првично делува како невозможна мисија. Во секој бизнис, особено во хотелиерството, навистина е предизвик да се издвоите од широката понуда, да понудите врвна услуга во секој сегмент и да работите според највисоките стандарди. Но, задоволството е огромно кога гледаме дека денес токму ние ги поставуваме стандардите во работењето како резултат на напорната работа на целиот тим, што значи дека успешно сме се справиле со предизвикот уште во првата година од отворањето на DoubleTree by Hilton Skopje – вели Милошеска.

DoubleTree by Hilton Skopje е најновиот во синџирот луксузни хотели на реномираниот светски бренд кој официјално почна со работа на 1 јануари годинава. Со отворањето на хотелот во Скопје, светски познатиот бренд „Хилтон“, кој има стогодишна историја, сега е присутен во 110 земји во светот. Под овој реномиран бренд постојат 5.500 хотели во кои во изминатите 100 години престојувале над 3 милијарди гости.

Тагови: бренддаблтриивонаконференциихилтонхотел
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Opel Vivaro-e доаѓа во 2020: Успешното LCV ќе се електрифицира

Следна Објава

ДОМ: Потребна е зелена, а не градежна експанзија во Расадник

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели
ТЕХНОЛОГИЈА

И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели

јануари 24, 2021
82

Apple ги намали нарачките од добавувачите за најевтиниот модел на новата генерација на iPhone 12 mini, но ги зголеми нарачките...

Прочитај повеќе
Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот (видео)
АВТОБИЗ

Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот (видео)

јануари 24, 2021
264

Американецот Дастин Порие го победи Ирецот Конор Мек Грегор во главната рунда на УФЦ 257 во Абу Даби. Пори го...

Прочитај повеќе
Тројниот пораст на транспортот меѓу Европа и Кина го загрозува снабдувањето со стока
ЕКОНОМИЈА

Тројниот пораст на транспортот меѓу Европа и Кина го загрозува снабдувањето со стока

јануари 24, 2021
118

Трошоците за испорака на стоки од Кина во Европа се зголемија повеќе од тројно во последните осум недели, достигнувајќи рекордно...

Прочитај повеќе
„Great Wall“ претстави премиум кросовер за Европа (ВИДЕО)
АВТОБИЗ

„Great Wall“ претстави премиум кросовер за Европа (ВИДЕО)

јануари 24, 2021
136

Пред пет години, кинескиот производител „Great Wall“ објави дека го создава премиум брендот „Wey“. Тој започна со неколку модели, но...

Прочитај повеќе
„Honor“ работи на нова линија на телефони, кои ќе имаат услуги на „Google“
ТЕХНОЛОГИЈА

„Honor“ работи на нова линија на телефони, кои ќе имаат услуги на „Google“

јануари 24, 2021
147

Откако „Huawei“ ја продаде својата поделба „Honor“, брендот сега може самостојно да развива и да соработува со американски компании, а...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели

И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели

јануари 24, 2021
Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот (видео)

Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот (видео)

јануари 24, 2021
Тројниот пораст на транспортот меѓу Европа и Кина го загрозува снабдувањето со стока

Тројниот пораст на транспортот меѓу Европа и Кина го загрозува снабдувањето со стока

јануари 24, 2021
„Great Wall“ претстави премиум кросовер за Европа (ВИДЕО)

„Great Wall“ претстави премиум кросовер за Европа (ВИДЕО)

јануари 24, 2021
„Honor“ работи на нова линија на телефони, кои ќе имаат услуги на „Google“

„Honor“ работи на нова линија на телефони, кои ќе имаат услуги на „Google“

јануари 24, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Од „Игра на тронови“, сончање со Путин до патување со Тито – како Берни Сандерс го освои интернетот

    Од „Игра на тронови“, сончање со Путин до патување со Тито – како Берни Сандерс го освои интернетот

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Убива 50 болести: Додадете го овој зачин во чајот и ќе го добиете најсилниот лек

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Што предвидуваа луѓето пред 100 години, како ќе биде во 2021 година?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Вистини и заблуди за газираната вода: Дали таа е навистина толку лоша за здравјето?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Со овие броеви освоил повеќе од милијарда долари на лотарија

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 23-24.01.2021
ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 23-24.01.2021

јануари 23, 2021
1.5k
Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021

јануари 18, 2021
4.6k
Следна Објава
ДОМ: Потребна е зелена, а не градежна експанзија во Расадник

ДОМ: Потребна е зелена, а не градежна експанзија во Расадник

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани