7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата во пораст на светските пазари

Цените на нафтата во пораст на светските пазари

Цените на нафтата денес се зголемија на меѓународните пазари на 63 долари, поттикнати од надежта дека САД и Кина ќе го решат трговскиот спор и дека Вашингтон ќе ги укине царините на дел од кинескиот увоз.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 67 центи во однос на претходното затварање, на 62,80 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше по 58 центи повисока цена, на 57,12 долари.

Кина бара од американскиот претседател Доналд Трамп во првата фаза од трговскиот договор да укине повеќе царини, воведени во септември годинава. Со тоа ќе ја намали штетата која трговскиот спор ја нанесе на економиите на двата водечки потрошувачи на нафта во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП