25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер: Велика Британија ќе ја напушти ЕУ до 31 јануари

Јункер: Велика Британија ќе ја напушти ЕУ до 31 јануари

Велика Британија ќе ја напушти ЕУ до 31 јануари 2020 година, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Тој за BBC изјави дека верува дека Брегзит ќе се случи по истекот на последното продолжување зана излегувањето на Британија од Унијата.

Јункер истакна дека Брегзит е предолга приказна која мора да се заврши.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон претходно изјави дека до крајот на декември 2020 година ќе постигне трговски договор со ЕУ.

Додека некои британски европратеници сметаат дека договорот лесно ќе се постигне, Јункер потсети на фактот дека слични преговори со Канада „траеле со години“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП