11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроменливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец

Времето во земјава ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од четири 11 степени, а дневната температура ќе се движи од 14 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до осум степени, а дневната температура до 21 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со поинтензивни врнежи и ретки грмежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП