28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМишел Барние: Тешки преговори со Британија по Брегзит

Мишел Барние: Тешки преговори со Британија по Брегзит

Европскиот преговарач за Брегзит, Мишел Барние, изјави дека преговорите за договор за слободна трговија со Велика Британија, откако земјата ќе ја напушти ЕУ, би можеле да бидат поеднакво тешки како и преговарите за условите за Бргезит.

Барние во обраќањето во Лисабон изјави дека би требало да биде јасно, дали до следното лето транзициониот период за време на идните трговски односи помеѓу Велика Британија и ЕУ ќе биде продолжен. Според сегашниот временски распоред, периодот на транзиција ќе заврши на крајот на 2020 година.

Постои загриженост дека, по Брегзит, Велика Британија ќе се претвори во слабо регулирана економија, која со пониски трошоци би ги поткопала силните социјални, еколошки и другите стандарди на ЕУ.

„Велика Британија не треба да мисли дека ќе биде доволно отсуството на царини и квоти. ЕУ ќе инсистира на нула давачки, нула квоти и целосно отсуство на дампинг“, предупреди Барние.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП