2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтрав од Брегзит: Британците во ред за државјанство на Данска!

Страв од Брегзит: Британците во ред за државјанство на Данска!

Се поголем број британци кои живеат во Данска (се проценува дека ги има околу 18.000) се одлучуваат да земат државјанство од оваа скандинавска земја.

– Во последните две години, по референдумот за Брегзит во 2016 година, забележан е голем пораст на британци кои сакаат да земат данско државјанство и бројот на одобрени апликации се искачи од 134 на 489 – истакна данскиот министер за имиграција и интеграција Матијас Тесфај.

Иако со задоволство ги поздравува новите државјани на својата земја, министерот потенцира дека во Данска веќе постојат регулативи кои ќе се применуваат и во случај ако дојде до излез на Велика Британија без договор.

– Врз основа на ова, околу 18.500 британци кои моментално живеат во Данска можат да го продолжат престојот во неа без оглед дали поднеле барање за државјанство – додаде Тесфаје.

Уште едно објаснување за ваков бран за поднесување барање за државјанство во Данска е што оваа скандинавска земја во 2015 година дозволи постоење на двојно државјанство, што веројатно ги охрабри многу британци да поднесат барање, бидејќи не мора во исто време да се откажат од британскиот пасош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП