2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон: Соработката помеѓу Франција и Кина ќе биде одлучувачка

Макрон: Соработката помеѓу Франција и Кина ќе биде одлучувачка

Соработката помеѓу Европа и Кина за намалување на штетните гасови ќе биде одлучувачка, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна со официјално повлекување од Договорот за климатски промени од Париз.

Макрон во обраќањето на големиот Саем за трговија во Шангај, непосредно по кинескиот претседател Си Џинпинг, истакна дека ќе биде неопходно да се засилат обврските.

– Ако сакаме да го почитуваме Договорот од Париз, неопходно е во следните години да ги засилиме своите обврски за намалување на емисиите на штетни гасови и мораме да ги потврдиме новите цели за 2030 и 2050 година – истакна Макрон.

Тој напомена дека соработката помеѓу Кина и ЕУ во таа област ќе биде одлучувачка.

Аналитичарите истакнуваат дека постапката на Американците е првиот официјален чекор во едногодишниот процес на излегување од глобалниот договор за борба против климатските промени и дека тоа е дел од пошироката стратегија на Трамп за намалување на ограничувањата за индустријата во САД.

Меѓутоа, повлекувањето на САД од Договорот доаѓа во време кога научниците и бројни светски администрации бараат одговор за да се избегне најтешкото влијание на глобалното затоплување.

Кина и Франција на годинашниот самит на Г-20 ветија дека ќе го засилат својот придонес во борбата против климатските промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП