2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерика излегува од Парискиот климатски договор

Америка излегува од Парискиот климатски договор

Америка официјално ги извести ООН за излез од Парискиот климатски договор, се вели во соопштението на генералниот секретар на САД, Мајк Помпео.

„Соединетите Американски Држави денес го започнаа процесот на излегување од Парискиот климатски договор. Според условите на договорот, САД испратија официјално известување до Обединетите нации за својот излез. Излегувањето ќе стапи на сила една година по известувањето“, се наведува во документот.

Помпео потсети дека претседателот Доналд Трамп ја донесе одлуката за излез од Договорот поради „неправеден економски товар“ кој е ставен на рамениците на САД.

Парискиот договор за климата е прв глобален климатски договор кој е потпишан од повеќе од 190 земји во декември 2015 година. Во документот е пропишан план за дејствување за спречување на глобалното затоплување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП