3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе создава најголемата зона на слободна трговија во светот: Една сила се...

Се создава најголемата зона на слободна трговија во светот: Една сила се исплаши од Кина

Индија нема да се приклучи на договорот за слободна трговија во регионот Азија-Пацифик, кој го предводи Пекинг.

Според висок функционер во Бангкок, постои загриженост поради експанзија на кинеските производи на нивниот пазар.

Њу Делхи одлучи да не се приклучи на Регионалното сеопфатно економско партнерство (RCEP) бидејќи тоа е „во национален интерес на Индија“, изјави Виа Такур Синг од индиското министерство за надворешни работи на заедничката прес конференција со лидерите на земјите на ASEAN.

RCEP има намера да воспостави голема зона за слободна трговија помеѓу десетте земји на ASEAN.

На конференцијата учествуваа Индонезија, Тајланд, Сингапур, Малезија, Филипини, Виетнам, Мјанмар, Камбоџа, Лаос, Брунеи, Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд.

Тие 15 земји во понеделникот се согласија да го потпишат текстот во 2020 година за да се овозможи формирање на најголемата зона на слободна трговија во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП