19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрногорец на сметка има 32 милиони евра

Црногорец на сметка има 32 милиони евра

Во Црна Гора има повеќе банкарски сметки отколку жители, а депозит поголем од еден милион евра имаат 71 граѓанин, покажуваат податоците на црногорската Централна банка.

Според последните податоци на Централната банка на Црна Гора, на крајот на август, рекордер бил граѓанин со 32 милиони евра на сметка, пренесува РТЦГ, повикувајќи се на Победа. Се тврди дека рекордерот не е странец, туку црногорски државјанин.

Податоците покажуваат и дека десетте најголеми депозити на домашни лица и на странци изнесуваат 88,2 милиони.

62 домашни компании пријавиле во Централната банка дека имаат пари на сметки во странство. Тие имаат вкупно 12,7 милиони евра на странски сметки, објави Победа.

Од Централната банка додадоа дека сè уште не е познато колку црногорски граѓани имаат сметки во странство, затоа што според законите, тие не се должни тоа да го пријават на никого.

Според последните податоци на Централната банка на Црна Гора, вкупните депозити изнесуваат 3,51 милијарди евра, од кои домашните правни лица, граѓани, влада, невладини организации … имаат 2,76 милијарди, а странски компании, граѓани и невладини организации 754,5 милиони евра.

Од споменатите 3,51 милијарди евра депозити на крајот на септември, црногорските граѓани имаа 1,3 милијарди, странци 460,26 милиони, локалната и централната власт 252,89 милиони, домашната економија 1,11 милијарди, од кои приватните компании 903.6, а државните 210 милиони, додека странските компании „држат“ 283,5 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП