6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради разликите во платите во ЕУ, жените од денес работат бесплатно

Поради разликите во платите во ЕУ, жените од денес работат бесплатно

Разликата во просечната плата на мажите и жените во Европската унија значи дека од 4 ноември до крајот на годината жените низ Унијата ќе работат бесплатно, предупреди Европската комисија.

Т.н. денот на рамноправноста во платите служи за укажување на фактот дека жените и понатаму заработуваат помалку од мажите на истите работни места.

Низ Европската унија, жените заработуваат просечно 16 проценти помалку од мажите, според последните податоци.

Таа бројка е за 0,2 проценти пониска во однос на претходната година.

„Пред 60 години, принципот на рамноправност во платите беше загарантиран во европските договори и сè уште жените низ цела Европа не гледаат усогласување на реалноста во секојдневниот живот со законите“, напишаа во соопштението комесарите на Европската Унија Вера Јоурова, Маријана Тисен и Франс Тимерманс.

„Иако во изминатите пет години направивме неколку чекори во вистинската насока, веќе мора да се направат и побрзи. Нашите граѓани од нас очекуваат повеќе да се трудиме“, додадоа тие.

Новоназначената претседателка на Комисијата, Урсула фон дер Лејен, која ќе биде првата жена што ќе ја предводи владата на ЕУ, вети закон за транспарентност на платите во првите сто дена од нејзиниот мандат.

Тоа заедно со новите правила на ЕУ кои им олеснуваат на мажите и жените рамномерно да ги делат одговорностите за одгледување на деца, би требало „да одговорат на корените на родовиот јаз во платите“, наведоа трите комесарки.

Фон дер Лејен собра тим комесари со еднаква застапеност на мажи и жени, но тројца од нејзините кандидати беа одбиени од страна на Европскиот парламент. Сега се чини не изгледа веројатно дека ќе постигне родова еднаквост во Комисијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП