24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Германците“ не се тоа што беа некогаш

„Германците“ не се тоа што беа некогаш

0

„Audi“, „BMW“ и „VW“ се најдоа на последното место на листата од истражувањата за сигурност на моторот кој вклучува вкупно 36 производители.

Германските автомобили не се толку сигурни како што беа порано, барем според резултатите од истражувањата на британската компанија „Warranty Direct“.

Според нивните истражувања, без оглед на продадените примероци во Британија, производителот својата позиција на листата ја заработи според процентот на возила кои завршиле на сервис поради дефект на моторот.

На самото дно се наоѓа и „MG Rover“, со неверојатни 7,88 проценти на кои моторот им престанал со работа.

„Audi“ се нашол на 33-тото место со 3,71 процент, додека 2,51 проценти на „МINI“ возила не ги пренеле своите возачи до точката Б.

„BMW“ се најде на 29-тото место, додека „VW“ ја завзема позицијата број 27.

Не е изненадување дека најмал број на пријавени дефекти имаат возачите на „Honda“, со само 0,29 проценти. Веднаш зад неа следи „Toyota“ со 0,58 проценти и „Mercedes“ со 0,84 проценти.

Меѓу првите пет најсигурни мотори се најдоа „Volvo“ so 0,9 проценти и „Jaguar“ со само 0,98 проценти на дефекти.

Данкан Меклур, директор на компанијата „Warranty Direct“, од увидот на овие резултати, изјави дека дефектите на моторот се најскапи за поправка поради големиот број на делови, комплексноста на системот и бројот на саати потребни за поправка во сервис. Најскапата поправка на автомобил кој бил под нивна гаранција, изнесувала 15,515 евра. Станува збор за поправка на Range Rover Vogue.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП