20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Еврото е стапица, повеќето земји немаат никаква корист"

“Еврото е стапица, повеќето земји немаат никаква корист”

На земјите од еврозоната би требало да им се дозволи да престанат да ја користат единствената валута во текот на следните децении. Ова го изјави Џерѓи Матолши, гувернер на Централната банка на Унгарија.

Матолши, кој ја предводи унгарската Национална банка од март 2013 година, го опиша еврото во написот за Financial Times како „француска стапица“ која не им служи добро на земјите членки.

„Заедничката валута не беше потребна за европски успешни приказни пред 1999 година, а повеќето земји од еврозоната подоцна немаа корист од тоа“, наведе тој во авторски текст, пренесува CNBC.

„Дојде време да се разбудиме од овој штетен и неплоден сон. Добар почеток би било да се признае дека единствената валута е стапица за скоро сите нејзини членки – од различни причини – а не е рудник за злато. Земјите на ЕУ, и надвор и во рамките на еврозоната, треба да признаат дека еврото е стратешка грешка“, пишува Матолши.

Еврото, во моментов го користат 19 европски земји, воведено е во 1999 година и според правилата на ЕУ, секоја членка на поширокиот политички блок на крајот би требало да донесе единствена валута. Унгарија сè уште не се приклучи на еврозоната.

„Европејците мора да се откажат од своите ризични фантазии за создавање моќ со која би се натпреварувале со САД. На членките на Еврозоната треба да им се дозволи да ја напуштат единечната валута во наредните децении, а оние кои остануваат би требало да градат поодржлива глобална валута“, додава Матолши во текстот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП