12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Црна Гора има повеќе банкарски сметки отколку жители

Во Црна Гора има повеќе банкарски сметки отколку жители

Во Црна Гора има повеќе банкарски сметки отколку жители, а депозит поголем од милион евра имаат 71 граѓанин на таа земја, покажуваат податоците на црногорската Централна банка.

Правни лица, односно 62 црногорски компании, пријавиле дека имаат пари на сметки во странство, во вкупен износ од 12,7 милиони евра.

Неодговорено останува прашањето од кои области се овие компании, а и тоа колку црногорски граѓани имаат сметки во странство, бидејќи според законот, ваквите податоци не се должни да ги пријаваат.

Според последните податоци, на крајот од август, депозит во износ поголем од еден милион евра имале 71 граѓани, а носител на рекорд е граѓанин со сметка од 32 милиони евра, пренесува РТЦГ.

Се тврди дека рекордерот не е странец, туку црногорски државјанин.

Странски државјани на сметки во Црна Гора чуваат 460,3 милиони евра, странските компании 283,5 милиони евра, финансискиот сектор 7,1 милион, а странските невладини организации 3,57 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП