19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Си Џинпинг и Доналд Трамп се во постојан контакт на различни начини"

“Си Џинпинг и Доналд Трамп се во постојан контакт на различни начини”

Кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп се во постојан контакт на различни начини, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Трамп кон крајот на минатата недела предложи дека би можел да потпише трговски договор со Кина во државата Ајова, која е тешко погодена со царини во речиси шеснаесетмесечниот трговски спор помеѓу двете најголеми светски економии.

Американскиот претседател истакна дека добро се одвиваат преговорите за „првата фаза“ од договорот и изрази надеж дека ќе го потпише договорот со Џинпинг на локација во САД кога работата на договорот ќе биде завршена.

Кина досега не ги потенцираше можностите кога и каде Џинпинг би можел да се сретне со Трамп, освен гласините наречени „чисти шпекулации“ дека средбата би можела да биде во Макао.

„Што се однесува до средбата помеѓу кинескиот и американскиот лидер, сè што можам да кажам е дека одржуваат постојан контакт на различни начини“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг.

Критичен датум за САД и Кина е 15 декември, кога на сила ќе стапат новите американски царини на стоки, како што се лаптопите, играчките и електронските уреди.

САД и Кина соопштија дека е во интерес на двете држави тие царини да се избегнат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП