25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцуските компании се советувани да се подготват за Брегзит без договор

Француските компании се советувани да се подготват за Брегзит без договор

Француската министерка за европски прашања Амели де Моншален изјави дека веќе нема преговори за крајниот датум за излегување на Велика Британија од Европската унија на 31 јануари и дека сè уште постои ризик од Брегзит без договор.

Како што синоќа пренесе Associated Press, таа за Radio Europe 1 изјави дека ги советува француските компании да се подготват за сценарио во кое Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без договор.

Де Моншален го бранеше ставот на Франција дека Велика Британија нема да го продолжува рокот за Брегзит, бидејќи францускиот деловен свет и семејствата бараат „јасност“ по тоа прашање.

Сепак, ЕУ го продолжи рокот за Брегзит до 31 јануари следната година.

Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека ќе ја извади Британија од ЕУ на 31 октомври со или без договор, но парламентот го отфрли тој негов план. Предвремените избори во Велика Британија се закажани за 12 декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП