Aмериканскиот државен долг повторно ги сруши сите рекорди и во моментов е нешто над 23 трлиони долари, соопшти Министерството за финансии на САД.
Во пресрет на пристигнувањето на Доналд Трамп за претседател, државниот долг на САД изнесуваше околу 20 трилиони долари, но таа бројка почна да расте поради федералниот буџетски дефицит.
Министерството соопшти и дека дефицитот оваа година изнесува околу трилион долари, а причината за тоа е зголемувањето на воениот буџет, како и на даночната реформа која е започната уште во 2017 година.
Руските медиуми пренесуваат дека од моментот кога Америка започна да воведува санкции кон Русија, Москва значително ги намали своите вложувања во американскиот државен долг.
Во моментов, Москва поседува уште 8,5 милијарди долари, од кои 6 239 милијарди долари се наоѓаат во долгорочни хартии од вредност, а 2, 262 во краткорочни.