25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ формира "полиција" за борба против перењето пари

ЕУ формира “полиција” за борба против перењето пари

Европската унија ќе формира централен орган за спречување активности на перење пари, откако низата скандали од висок профил укажа на слабостите во Европа во спречувањето на валканите пари преку нејзините банки.

Министрите за финансии на блокот се очекува официјално да ја овластат Европската комисија да даде препораки за ново „независно“ извршно тело со „директни овластувања“, се вели во нацрт изјавата, која би требало да биде одобрена на состанокот во декември.

Мисијата на телото е да биде полициска финансиска институција во согласност со правилата на ЕУ за длабоко проверување на купувачите и други гаранции. Најгласни во застапувањето за ново тело за да се избегнат нови кризи се Франција и Холандија.

Европа ја погодија неколку скандали, од кои најголемиот е перење руски пари од Данске банк во износ од 30 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП