16 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОблачно со повремен дожд

Облачно со повремен дожд

Времето во државата ќе биде претежно облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје, претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 16 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно облачно време со повремен локален дожд. Од утре ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер и ќе има пораст на дневната температура. Во понеделник под влијание на нов влажен бран се очекуваат врнежи на повеќе места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП