22 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАко сакате да го зајакнете имунитетот, одете во сауна

Ако сакате да го зајакнете имунитетот, одете во сауна

Промените на временските прилики донесоа повеќе здравствени проблеми затоа што телото не се адаптирало и имунитетот ослабнал, па вирусите безмилосно напаѓаат. Храната богата со витамини и напитоците може да помогнат, но сега е вистинското време за сауна и парна бања.

На високи температури циркулацијата на крвта се зголемува, влажниот воздух ги отвора порите и ја чисти кожата, ги отстранува токсините од телото и ги ослободува преку потта. Исто така, сауната ослободува напнатост, која е честа причина за пад на имунитетот, ги релаксира мускулите и буквално ги инхалира респираторните органи. Вдишувањето на загреан воздух го стимулира производството на имуноглобулин, кој го штити организмот од болести.

Доволно е да поминете 10 минути во сауна или парна бања, и за тоа време ќе изгубите до половина литар течност и тоа од сврзното ткиво, што особено придонесува за намалување на маснотиите и целулитот. Температурата на телото после сауната е зголемена за еден степен, а температурата на кожата до 10. Разликата помеѓу класична сауна и парна бања е во температурата и влажноста на воздухот, па така во сауна сте изложени на топлина од 70 до 90 степени со мала влажност од околу 5 проценти.

На средно ниво, температурата е помеѓу 60 и 70 степени, со влажност од 10 до 20 проценти, а на најниска 40 до 60 степени, со влажност од 20 до 40. Парните бањи се влажни 100 проценти, додека температурата најчесто се поставува на 40 до 50 степени. Поради големата топлина, ниту сауната ниту парната бања не се препорачуваат за луѓе со срцеви проблеми, а старите лица би требало да се консултираат со лекар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП