18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКристин Лагард ја презеде функцијата шефица на ECB

Кристин Лагард ја презеде функцијата шефица на ECB

Кристин Лагард денес ја презеде функцијата претседателка на Европската централна банка (ECB) од Марио Драги.

Французинката Лагард, извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (IMF) од 2011 година, го наследи Драги, кој беше претседател на ECB осум години водејќи ја институцијата после светската финансиска криза.

Во пресрет на преземањето на мандатот, поранешната француска министерка за финансии го одобри продолжувањето на монетарната политика на Драги, која вклучува многу ниски и негативни каматни стапки.

Посочи дека ќе ги разгледа ефектите од негативните каматни стапки врз банкарскиот сектор, во услови на загриженоста во Германија, особено во поглед на ефектот на профитабилноста на банките и личните заштеди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП