29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел планира да забрани автомобили на бензин до 2035 година

Брисел планира да забрани автомобили на бензин до 2035 година

Властите во Брисел планираат до 2035 година да забранат употреба на бензиски автомобили на своите улици.

Бриселските власти усвоија конечна верзија на климатскиот план според кој е планирана забрана на бензиски и дизел автомобили во наредниот период.

Според овој план, ќе биде забранета употреба на дизел возила најдоцна до 2030 година, а употребата на бензиски возила најдоцна до 2035 година.

Претходната влада разви зони за намалување на емисиите на штетни гасови кои опфаќаат области во сите делови на Брисел.

Планирано е во тие зони дизел и бензиски возила, како и мотоциклите да бидат забранети дури и пред планираниот рок.

Градските власти соопштија дека ќе бидат воведени построги проверки и мобилни тимови кои ќе следат дали се почитуваат донесените правилата на улиците во Брисел.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП