Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,512.02 -1.51%    GRNT 962.00 0.21%    KMB 6,290.44 0.48%    SBT 2,601.00 -4.69%    TEL 309.00 -2.81%    TETE 1,566.00 9.74%    TTK 1,300.00 0%    

Податоците како предуслов за меѓународна конкурентност – МАСИТ успешно за реализираше 16тата годишна конференција

Време: 15:14

Датум: октомври 31, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Денес (31.10.2019 година) се одржа 16тата конференција на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ со темата – DATA AS AN ASSET.

Поттикнати од аспирациите на македонските ИКТ компании да станат поконкурентни на европскиот и светскиот пазар, како и од прогресивни извозни волумени на ИКТ индустријата, ИКТ Комората МАСИТ панелите и дискусиите ги насочи кон една особено важна и пресудна тема: податоци. Според заклучоците од дискусиите, податоците мора да лежат во срцето на сите процеси на одлучување и да бидат третирани како инструмент на доверба. Емпириски, компаниите кои носат одлуки базирани на податоци, добиени преку навремени истражувања се докажано поуспешни во своето работење па оттука, податоците се главен критичен фактор за успех.

Конференцијата ја отвори г-ѓа Анета Антова Пешева, Претседател на УО на МАСИТ која во воведниот панел во рамки на своето обраќање изјави: “ИКТ индустријата е најбрзорастечка, самостојна, без никакви субвенции и помош, со млад кадар кој рамо до рамо се развива со светските трендови. Затоа предлагам, да ги слушнеме денес експертите од оваа широка област која ќе биде иднината на светот. Со ова уште еднаш ќе потврдиме дека навистина не сме само сервис на стопанството, како што не третираат со години, туку дека ние сме ‘рбетот на стопанството и без нас економските процеси се невозможни. Кога ќе го разберат тоа креаторите на економските политики во државава, ќе тргнеме сите напред.”

Во рамки на воведното обраќање исто така се обрати г-дин Дамјан Манчевски /  Министерот за информатичко општество и администрација кој во воведното обраќање изјави: “Со пуштање во употреба на Регистарот на население, а многу скоро и Националниот портал за е-услуги, државата обезбедува едно повисоко ниво на пристап до податоците на граѓаните од една страна и посебна заштита на личните податоци од друга. Регистарот на население овозможува собирање на податоци за физички лица и нивно користење од страна на надлежните институции за потребите на нивните управни постапки. Регистарот им овозможува на институциите кои работат со личните податоци на граѓаните, тука да ги најдат најновите и најпрецизни податоци за граѓаните без потреба од рачно одржување и ажурирање.”

Г-дин Стефан Томаџан – Заменик шеф на мисија на Амбасадата на Швајцарија истакна: „Швајцарската агенција за поддршка и развој, преку проектот Зголемување на пазарната вработливост- ИМЕ, ќе соработува со компаниите од областа на Информатичките технологии да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат, пред се постојаната потреба од адекватен кадар и задржување на вработените. За да се надминат овие состојби секторот ќе треба да инвестира во: професионализација на кадарот, развој на секторска стратегија, посебно во идентификување на пазарите, понуда на нови – иновативни продукти, да го спроведе процесот на дигитализација и да го продолжи дијалогот со владините институции за прилагодување на постојните политики кон потребите на пазарот. “

Во дискусиите се говореше и за Big Data & Analytics, Business Intelligence, Business analysis, Business development, Machine Learning, Artificial Intelligence, Robotics, Smart Home, Internet of things. На конференцијата присуствуваa повеќе од 200 претставници од домашните и странските ИКТ компании и компании од други сектори, како и претставници од државни институции и министерства, претставници на донаторската и меѓународна дипломатска заедница, академски претставници од ИКТ научната област медиуми и други.

Конференцијата беше организирана од страна на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, поддржана од страна на ИМЕ – Проектот за зголемување на пазарната вработливост финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементиран од страна на Паладиум. Конференцијата е спонзорирана од Oracle, Asseco SEE & Payten, Datamasters, Neocom, Pixel, Endava, Semos, КБ Прво пензиско друштво, Прокредит Банка, Poly и Бреинстер.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • „Меркел го излудува Трамп бидејќи е интелигентна“, открива внуката на претседателот во нејзината книга

    „Меркел го излудува Трамп бидејќи е интелигентна“, открива внуката на претседателот во нејзината книга

    Во познатата книга „Премногу и никогаш доволно – како моите роднини го создадоа најопасниот човек на светот“, внуката на американскиот претседател Доналд Трамп, Мери Трамп,…

  • Алушовски ги одбра ракометарите за претстојната сезона

    Алушовски ги одбра ракометарите за претстојната сезона

    Тренерот на Вардар 1961, Стевче Алушовски одбра кои ракометари ќе останат да тренираат со првиот тим. Тие продолжуваат со подготовките во Скопје и планирано е…

  • Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

    Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

    Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3,…

  • Туристичката индустрија се подготвува за втор бран на коронавирусот

    Туристичката индустрија се подготвува за втор бран на коронавирусот

    Ненадејните задолжителни карантини, како оние што ги наметна британската влада на лицата кои пристигнуваат од Шпанија, се катастрофа за туристичката индустрија, која се подготвува за…

  • Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките за заштита е клучно за нивна заштита

    Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките за заштита е клучно за нивна заштита

    Ковид-19 е акутна респираторна болест предизвикана од SARS CoV-2 вирусот што предизвикува поголема смртност кај лица на возраст од над 60 години и кај лица…

  • Германците сакаат да продолжат да работат од дома и по пандемијата

    Германците сакаат да продолжат да работат од дома и по пандемијата

    Поголем дел од Германците сакаат да ја задржат можноста за работа од дома и по завршувањето на пандемијата на коронавирус, покажала студијата на германските научници.…

  • Заборавете на доларот, купувајте злато! Цената на овој метал повторно расте

    Заборавете на доларот, купувајте злато! Цената на овој метал повторно расте

    Тековната финансиска политика на американските власти ја поткопува довербата во доларот и ги принудува инвеститорите да купуваат злато што е можно поактивно. Ваквиот коментар го…

  • Пандев со Џенова избори опстанок во Серија А

    Пандев со Џенова избори опстанок во Серија А

    Тимот на Џенова за кој настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев и следната сезона ќе игра во најквалитетното фудбалско натпреварување во Италија. Ова е епилогот по…

  • Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму трицифрен, во Скопје 1.372 активни случаи

    Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму трицифрен, во Скопје 1.372 активни случаи

    Нови 166 случаи со Ковид-19 од 1.419 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа четири пациенти од…

  • Сончево и топло со температура до 35 степени

    Сончево и топло со температура до 35 степени

    Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. УВ индексот ќе биде…