28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБитолска Млекарница наградена за најдобра општествено одговорна практика

Битолска Млекарница наградена за најдобра општествено одговорна практика

DSC00915

Иницијативата „Европски систем за наградување на општествената одговорност на претпријатијата“ и додели на Битолската Млекарница награда за најдобра општествена практика во категоријата големи компании. Оваа година за прв пат македонски компании добија можност да ги претстават своите проекти во Брисел пред иницијативата поддржана од Европската комисија, откако Министерството за економија на РМ заедно со националното Координативно тело за општествена одговорност ги избраа за најдобри општествени практики во Македонија.

Битолската Млекарница ја доби наградата за реализираната акција „Прегратка на дар“ во чии рамки беа организирани едукативни активности за поттикнување на хуманоста и помагањето во заедницата во 150 градинки ширум Македонија. Во акцијата беа вклучени повеќе од 10.000 деца кои изработија повеќе од 7.000 уникатни подароци играчки за своите врсници – децата кои новогодишните празници ги поминуваа во собите на детските одделенија во сите болниците низ земјата.

„Горди сме на добиената награда, таа за нас претставува уште една потврда дека сме на вистинскиот пат и мотив повеќе за да продолжиме да даваме свој придонес за доброто на заедницата. Битолска Млекарница е компанија која се грижи за здравиот развој на децата и нашите напори секогаш ќе бидат насочени кон помагање и поддршка на иницијативи каде во преден план се децата“ – Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Битолска Млекарница

Доделувањето на наградите се одржа на 25.06.2013 во Брисел, таму беа наградени 60 компании (29 мали и средни компании и 31 голема компанија) од 29 земји.

DSC00931

Млекара АД Битола поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната – ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната околина ISO 14000. Млекара АД Битола е единствена млекарница во Р. Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е врвен доказ за квалитетот на производите. Од 2007 година Млекара АД Битола е дел од најголемата групација на млечната индустрија на Балканот – Danube Foods Group.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП