23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПозначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците: септември 2019 година

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците: септември 2019 година

Во септември, продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, којашто забележа месечен пад од 0,04 п.п. и се сведе на ниво од 5,09%. На годишна основа падот кај оваа каматна стапка изнесува 0,37 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,36% и забележа месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,06 п.п., соодветно.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити овој месец се намали за 0,15 п.п. на месечна основа и изнесува 4,46%, додека на годишна основа оствари пад од 0,40 п.п. Во септември, просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 1,27%, по остварен месечен раст од 0,17 п.п. На годишна основа, кај каматните стапки на новопримените депозити е евидентиран пад од 0,30 п.п.

Во септември, просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор изнесува 4,32%, што претставува месечен пад од 0,06 п.п. Оваа надолна промена се должи на падот кај сите нејзини компоненти, и тоа: кај каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,08 п.п. и 0,06 п.п., соодветно) и кај каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,05 п.п.). Просечната каматна стапка на вкупните кредити е намалена за 0,45 п.п. во однос на септември 2018 година.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во септември, е намалена за 0,11 п.п. во однос на минатиот месец и изнесува 4,11%. Падот е целосно под влијание на пониските каматни стапки на кредитите во странска валута (за 0,15 п.п.), при непроменети каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула и раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (од 0,07 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,47 п.п.

Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор изнесува 1,67% и во текот на септември оствари месечен раст од 0,09 п.п. Месечната нагорна промена е резултат на растот кај каматните стапки на депозитите во денари со валутна клаузула и кај депозитите во странска валута (за 0,13 п.п. и 0,03 п.п., соодветно), додека каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула минимално се намалени (за 0,01 п.п.). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,04 п.п.

Во септември, просечната каматна стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор се зголеми за 0,43 п.п. во споредба со претходниот месец и изнесува 1,32%. Зголемувањето е резултат на растот кај сите компоненти во оваа категорија: каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула, девизните депозити и денарските депозити без валутна клаузула (за 0,44 п.п., 0,22 п.п. и 0,20 п.п., соодветно). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,17 п.п.

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата продолжи да се намалува и во текот на септември (остварен месечен пад од 0,03 п.п.) и се сведе на 5,81%. Намалувањето се должи на падот остварен кај сите каматни стапки, и тоа кај каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула и кредитите во странска валута (за 0,03 п.п., 0,02 п.п. и 0,01 п.п., соодветно). Споредено со септември минатата година, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,36 п.п.

Во септември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 5,10%, по реализиран месечен пад од 0,12 п.п. Анализирано од аспект на валутната структура, промената се должи на намалувањето на каматните стапки кај кредитите во денари без и со валутна клаузула (за 0,13 п.п. и 0,05 п.п., соодветно), додека каматните стапки кај кредитите во странска валута забележаа раст (за 0,32 п.п.). На годишно ниво, оваа каматна стапка забележа пад од 0,29 п.п.

По двомесечна непроменетост, нивото на просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата се намали за 0,03 п.п. и изнесува 1,32%. Надолното поместување произлегува од падот на каматните стапки кај денарските депозити без валутна клаузула и девизните депозити (за 0,06 п.п. и 0,01 п.п.), додека каматните стапки кај денарските депозити со валутна клаузула минимално се зголемија (за 0,01 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,07 п.п.

Во септември, просечната каматна стапка на новопримените депозити на домаќинствата изнесува 1,24%, што претставува минимален раст од 0,01 п.п. на месечна основа. Овој раст во целост е резултат на зголемувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,08 п.п), при што не се примени денарски депозити со валутна клаузула, а остварен е пад кај денарските депозити без валутна клаузула (за 0,06 п.п.).

Извор: НБРСМ

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП