2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Чешка е само 1,9 проценти

Невработеноста во Чешка е само 1,9 проценти

Стапката на невработеност во Чешка падна на рекордни 1,9 проценти, што е воедно и една од најниските стапки на невработеност во Европа.

Според податоците на Чешката агенција за статистика (CZSO), стапката на невработеност на таа земја во вториот квартал од 2019 година изнесуваше 1,9 проценти, што е помалку отколку во претходниот квартал кога изнесуваше два проценти.

Стапката на невработеност во Чешка во вториот квартал минатата година изнесуваше 2,2 проценти.

Податоците на Заводот за статистика на Европската унија (EUROSTAT) исто така покажуваат дека Чешка има една од најниските стапки на невработеност во ЕУ, додека највисоки стапки на невработеност се забележани во Грција (17,2 проценти) и Шпанија (13,9).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП