13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономската клима во ЕУ се влоши, потрошувачите незадоволни

Економската клима во ЕУ се влоши, потрошувачите незадоволни

Економската клима во Еврозоната се влоши во октомври втор месец по ред, бидејќи песимизмот од индустрискиот сектор се рашири и во областа на услугите и на потрошувачите.

Индексот на економската клима во 19-члената еврозона, која ја пресметува Европската комисија, падна на 100,8 поени во октомври од 101,7 поени во септември и од 103,1 поени во август, објави агенцијата Reuters.

Падот беше поголем од пазарниот консензус за октомври од 101,1 поен, и претставува најниско ниво на тој показател од јануари 2015 година.

Песимизмот во индустрискиот сектор значително се влоши бидејќи тој сектор, кој многу зависи од извозот, се соочува со последиците од глобалните трговски војни.

Мрачните „облаци“ се прелеаа и на секторот услуги и на потрошувачите во октомври. Економистите кои ги анкетираше Reuters веќе прогнозираа дека економскиот раст на еврозоната ќе забави на 0,1 процент во третиот квартал од 0,2 проценти од претходното тримесечје.

Во посебна изјава, Комисијата исто така изјави дека индексот на деловна клима се искачи на минус 0,19 поени во октомври од минус 0,23 поени од септември, наспроти пазарните предвидувања дека дополнително ќе се лизне во негативна територија, односно на минус 0,24 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП