17 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГи надмина прогнозите: Француската економија е една од најотпорните

Ги надмина прогнозите: Француската економија е една од најотпорните

Француската економија ги надмина прогнозите на економистите со раст од 0,3 проценти во три месеци заклучно со септември, покажаа денеска официјалните објавени податоци.

Eкономијата на Франција на тој начин покажа поголема отпорност на ефектите од забавувањето на глобалната економија во однос на земјите кои многу зависат од трговијата како Германија и Италија, проценува Financial Times.

Франција, како втора најголема економија во Еврозоната, е една од најотпорните во регионот на негативното влијание на трговските тензии и на неизвесноста поврзана со Брегзит. Економистите кои ги анкетираше Reuters очекуваа дека растот на БДП на Франција ќе забави на 0,2 проценти во третиот квартал во однос на растот од 0,3 проценти во вториот квартал.

Во третиот квартал, францускиот увоз се зголемил за 1,4 проценти, во однос на падот од 0,3 проценти во претходниот квартал, соопшти француската Канцеларија за статистика INSEE. Извозот исто така се зголемил, напредувајќи за 0,3 проценти во споредба со падот од 0,1 процент во претходниот квартал.

Приватната потрошувачка е традиционален двигател на француската економија и продолжи да работи и во третиот квартал со раст од 0,3 проценти. Потрошувачката на граѓаните беше поттикната од минатогодишниот пакет намалувања на даноците и други стимулативни мерки од претседателот Емануел Макрон, се наведува во информацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП